Map Graph

Селце (Брждани)

археолошко наоѓалиште во Македонија

Селце — археолошко наоѓалиште во кичевското село Брждани. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 2 км северно од селото, во приватни ниви,каде се откривани темели од ѕидови на објекти, а на површината се наоѓаат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули, имбрекси и множество градежен материјал. Податокот на Т. Смиљаниќ во врска со надгробна плоча со латински натпис можеби се однесува на наоѓалиштето Селце.

Read article